Целта на играта е да се освојат што повеќе поени со пополнување на полињата од листот.
Накратко за играта
Секој пат кога сте на потег, можете да ги фрлите коцките до 3 пати за да добиете што подобар резултат за запишување во некое од полињата во деветте можни колони.
Откако ќе завршите со фрлањето на коцките, мора да запишете резултат или нула во едно од слободните полиња.
Играта завршува кога ќе бидат пополнети сите полиња.
Играчот кој на крајот ќе има поголем резултат е победник на играта.
Кога Вие сте на потег
Можете да ги фрлате коцките до 3 пати, но исто така можете да се одлучите за запишување во некое од слободните полиња и по првото или второто фрлање, доколку сте ја добиле
комбинацијата која Ви е потребна. За да ги фрлите коцките, кликнете на копчето „Фрли“ кое се наоѓа веднаш до коцките.
При првото фрлање ги фрлате сите 6 коцки. Врз основа на слободните полиња што треба да ги пополните, ќе изберете само некои од добиените коцки,
за да ја зголемите шансата во следното фрлање да ја добиете саканата комбинација. Секако, можете да запишете резултат во некое од слободните полиња уште
по првото фрлање. Во второто и третото фрлање ќе ги фрлате само оние коцки што не сте ги избрале по претходното фрлање.
Не мора однапред да ја одредите комбинацијата што сакате да ја добиете. Можеби ќе се предомислите по второто фрлање.
Третото фрлање е и последно, по него мора да запишете резултат во некое од слободните полиња. И во ова фрлање можете да ги фрлите сите или само некои од коцките,
изборот е Ваш. Откако ќе запишете резултат во полето, на потег е Вашиот противник (доколку играте во пар; во спротивно, повторно Вие сте на потег).
Запишување во полињата
Кога ќе завршите со фрлањето на коцките, треба да запишете резултат во некое од слободните и дозволените полиња.
Секоја колона во листот има 13 полиња за запишување, како и свое посебно правило, т.е. начин на пополнување на колоната.
Секој пат кога Вие сте на потег, мора да запишете резултат или нула во некое од слободните полиња.
Резултат во поле може да се внесе само еднаш, и тоа само доколку е исполнето и правилото за пополнување на колоната.
Подолу прочитајте како најдобро да ги пополнувате полињата, како и како се пополнуваат колоните во Јамб.
Пополнување на полињата
N
M
Максимален број единици во сите 3 фрлања.
Максимален број двојки во сите 3 фрлања.
Максимален број тројки во сите 3 фрлања.
Максимален број четворки во сите 3 фрлања.
Максимален број петки во сите 3 фрлања.
Максимален број шестки во сите 3 фрлања.
Максимален збир на 5 избрани коцки во сите 3 фрлања.
Минимален збир на 5 избрани коцки во сите 3 фрлања.
Комбинација на коцки ( '1' '2' '3' '4' '5') или ( '2' '3' '4' '5' '6'). Како резултат се запишува 66 ако некоја од комбинациите се добие со фрлање на сите шест
коцки, без претходно избрани, 56 ако некоја од комбинациите се добие во две фрлања, 46 ако некоја од комбинациите се добие во три дозволени фрлања.
Комбинација од три исти коцки. Како резултат се запишува збирот на трите исти избрани коцки+20, независно од бројот на фрлања.
Комбинација од три исти + две исти коцки. Како резултат се запишува збирот на избраните коцки+30, независно од бројот на фрлања.
Комбинација од четири исти коцки. Како резултат се запишува збирот на избраните коцки+40, независно од бројот на фрлања.
Комбинација од 5 исти коцки. Како резултат се запишува збирот на избраните коцки+50, независно од бројот на фрлања.
0
Пополнување по колони
| Се пополнува одозгора надолу, по ред, без можност за прескокнување полиња. | |
|
|
Се пополнува по кој било редослед, со можност за прескокнување полиња. |
| Се пополнува оддолу нагоре, по ред, без можност за прескокнување полиња. | |
|
|
Се пополнува одозгора надолу, заклучно со полето MAX, по ред, и оддолу нагоре, заклучно со полето MIN, по ред, без можност за прескокнување полиња. |
|
|
Се пополнува од полето MAX нагоре, по ред, и од полето MIN надолу, по ред, без можност за прескокнување полиња. |
| Се пополнува по кој било редослед, ако збирот што сакате да го запишете е добиен со фрлање на сите 6 коцки (без претходно избрани), во кое било од 3-те дозволени фрлања. | |
| N | Се пополнува по кој било редослед, при што задолжително мора на противникот да му Најавите, по првото фрлање на коцките, кое поле сакате да го пополните, без можност за промена на изборот на поле во следните две фрлања. |
| D | Се пополнува задолжително по оној редослед што го диктира противникот пополнувајќи одредено поле во колоната за најава (N). |
| M | Се пополнува по кој било редослед, со можност за прескокнување полиња, ако е остварен максималниот можен резултат предвиден за тоа поле, во текот на 3-те дозволени фрлања. |
За играта Јамб
Јамб (yamb) е игра со коцки. Целта на играта е да се добие што подобар резултат со фрлање на коцките,
при што се добиваат различни комбинации, од кои секоја носи одреден број
поени. Играта настанала со проширување на играта Yahtzee, која ја осмислил Милтон Бредли
во 50-тите години на XX век.