Društvene Igre

Не лути се човече – правила на играта

Игра со коцка за двајца до четворица играчи. Кој прв ќе ги внесе сите четири фигури во куќичката – победува.

2–4 играчи

Не лути се човече

Можат да играат двајца, тројца или четворица играчи, без партнерства. На почетокот на играта, по четири фигурички на секој играч се надвор од играта и се поставени во дворчето на играчот (почетната позиција на фигуричките). Кога ќе можат, играчите ги внесуваат своите фигурички во игра, една по една. Услов за тоа е играчот да фрли 6 со коцката кога ќе дојде на ред. Кога играчот ќе внесе фигуричка во игра, со неа тргнува во трка во насока на стрелките на часовникот по патеката за игра (низата полиња што не се дел од домашната колона на ниту еден играч). Кога ќе стигне до полето пред својата куќичка, играчот продолжува така што ги поместува фигуричките во колоната до целната позиција. Од броевите што ги добивате со фрлање на коцката зависи брзината на движење на фигуричката по патеката за игра. Влегувањето во завршните полиња, во полињата на куќичката, често бара со фрлање на коцката да добиете одреден број. Играчот кој прв ќе успее да ги смести сите свои фигури во куќичките (во целните полиња) е победник.

Како се игра?

Серверот по случаен избор го одбира играчот кој ја започнува играта. Редоследот на играчите на потег се менува во насока на стрелките на часовникот.

За да внесе во игра фигуричка од своето дворче и да ја постави на стартната позиција, играчот мора да фрли 6. Ако играчот сè уште нема фигурички во игра, има право на три фрлања на коцката. Доколку во три обиди не добие 6, редот преминува на следниот играч. Штом играчот има една или повеќе фигурички во игра, по фрлањето на коцката ја избира фигуричката со која сака да игра и ја поместува за онолку позиции колку што добил со фрлањето на коцката. Играчите секогаш мора да ја поместат својата фигура за онолку позиции колку што добиле со фрлањето на коцката. Доколку играчот, по фрлањето на коцката, не може да помести ниту една своја фигура за соодветниот број позиции, редот преминува на следниот играч.

Кога ќе добие 6, играчот може да избере да помести фигуричка која веќе е во игра или да внесе друга фигуричка во игра, на почетното поле. Со фрлање шестка играчот добива дополнително или „бонус“ фрлање. Ако и бонус фрлањето донесе 6, играчот добива уште едно дополнително фрлање итн.

Доколку при поместувањето играчот треба да ја спушти својата фигура на поле зафатено од фигура со иста боја, таквиот потег не е можен. Ако пак фигурата треба да заврши на поле што го зафаќа противничка фигура, противничката фигура се враќа во дворчето на својот сопственик. Вратената фигуричка може повторно да се внесе во игра само кога сопственикот ќе фрли 6.
Носењето фигура за многу играчи претставува драматична загуба и тие може бурно да реагираат, оттаму играта го добила и името Не лути се човеку.

Подготвени за партија?

Се игра во прелистувач, без инсталација. Регистрацијата е бесплатна.

Играј Не лути се човече